Утре вечер (24.11.2026 вторник), во 19 часот во Чифте Амам објектот на Националната Галерија, ќе биде отворена изложбата “ЈУБИЛЕЈ 30 ГОДИНИ” на уметникот Билгаип Кочиште – БИГЕ.

На отворањето ќе се обратат в.д. директорката на Националната галерија, Нарона Љума Весели, кустосот Елена Георгиевска Иванова и уметникот Билгаип Кочиште – БИГЕ.

Неговиот триесетгодишен творечки континуитет резултира со селекцијата на претставените дела од неговиот богат опус, препознатлив и со интересен пристап. Преку оваа јубилејна изложба, имаме можност да ги согледаме патеките на неговото уметничко создавање своевидниот авторски израз, вели кустосот Елена Георгиевска Иванова.


