Европската Унија треба да обезбеди поголема вклученост во геополитичкото одлучување на земјите од Западен Балкан, кои се стремат кон членство во блокот, смета австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рајзингер.
Во писмо упатено до Европската комисија, Мајнл-Рајзингер предлага министрите за надворешни работи на „земји како Албанија, Србија и Црна Гора да бидат поканети на состаноците на Советот на ЕУ, најмалку еднаш во текот на еден семестар, заедно со нивните колеги од Украина и Молдавија“.
Во нејзиното писмо испратено до еврокомесрката за проширување Марта Кос и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, се наведува дека Виена е генерално задоволна од неодамнешните напори за придвижување на процесот на проширување на Унијата, особено во однос на постепената интеграција на земјите во единствениот пазар.
„Секаде каде што процесот на пристапување на Западен Балкан ќе застане, други се подготвени да го пополнат вакуумот, пред сè Русија, со своите пари, своето влијание и своите дезинформации, додава Мајнл-Рајзингер во писмото.

