Собраниската комисија за финансирање и буџет продолжува со разгледување на поднесените амандмани по Предлог-буџетот за 2027 година.
Поднесени се над 300 амандмани, а дел од нив поднесени од опозицијата, беа одбиени. Меѓу нив имаше и такви со кои се бараше одвојување на средства за електронска алки за насилниците, за унапредување и модернизација на собранискиот канал, за набавка на систем за џи-пи-ес уреди за следење на службени возила, за поддршка на невработените лица…
Предлог-буџетот за 2027 година предвидува вкупни расходи од 440,4 милијарди денари и приходи од 395,4 милијарди денари, со проектиран буџетски дефицит од 3,5 % од БДП.
Владата го усвои Предлог-буџетот на 30 октомври и го препрати на разгледување во Собранието.

