Српската „Алта банка“ на Давор Мацура влезе во Македонија во 2025 година преклу купување на акции од приватни сопственици, не од државата и од Министерството за финансии, откако претходно објави повик секој оној кој што е заинтересиран да ги продаде акциите и на тој начин формира одреден управувачки капитал, мислам околу 70-тина проценти, изјави премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Давор Мацура влегол во Македонија со исполнети законски услови. И претпоставувам дека врз основа на тие законски услови е проценето дека тој може да се стекне со правото да управува со банка каде што приватните сопственици на акции ги продале акциите. Тука не гледам нешто што е страшно“, рече Мицкоски.
Во однос на одбиеното барање на „Алта Пеј“ за влез во Македонија, Мицкоски рече дека тоа е направено затоа не може платежно друштво да стане сопственик на банка.
„Имаме многу такви случаи во Македонија кои што имаат таков обид, па не влегуваат. Затоа што и ние имаме обврски пред Европска централна банка, имаме обврски и пред СЕПА, така што случајот е кристално чист“, додаде Мицкоски.
Кога станува збор за „Алта осигурување“, Мицкоски вели колку што му е познато компанијата станала сопственик на осигурутелно друштво што беше во сопственост на поранешен кандидат за градоначакник на СДСМ во една општина.

