Ведро и постудено време не очекува денес. Утринските температури ќе се симнат под нулата, а дневните ќе дотигнат максимум до 12 степени.
Синоптичарите најавуваат слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе бидат во интервал од -5 до 2, а дневните ќе достигнат од 6 до 12 степени.
Во Скопје, утринската температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во среда утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку ден облачноста постепено ќе се зголемува и од крајот на денот следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните (над 30 l/m²), а во петок во јужните и во источните делови (над 20 l/m²). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег.

