Половина од возрасното население во земјава пушти цигари, а секојдневното пушење е зголемено од 43 на 48,1 проценти, покажува истражувањето спроведено од Аналитика со кое биле опфатени 1.065 возрасни лица.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека 62 проценти од испитаниците забележале дека се пуши во ресторани и кафулиња, иако тоа е забрането со закон.
Истражувањето отвара сериозни прашања како што се дали сегашната акцизна политика е доволна? Зошто пушењето и понатаму е толку високо? Како се спроведуваат забраните за пушење? И кои конкретни мерки треба да ги преземат институциите?.
Овие прашања ќе бидат во фокусот на конференцијата што денеска ја организираат Аналитика тинк-тенк во соработка со Светската здравствена организација.

