Во текот на минатата недела отстранети се 850 кубни метри непрописно оставен кабаст и градежен отпад од јавни површини на територија на град Скопје. Најголемо количество било подигнато од општина Центар каде се расчистени 190 кубни метри отпад од диви депонии.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнале и транспортирале 3500 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територија на Скопје.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела направила 20 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, а најголем дел од нив се изречени на територија на општина Чаир.

