На 26.11.2026 четврток, на сцената на Н.У.Театар за деца и младинци – Скопје, во 19ч, ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Моби Дик“, во режија на Дамјан Кецојевиќ. Улогите ги толкуваат Ана Левајковиќ Бошков, Мики Анчевски,Наташа Петровиќ,Никола Наковски, Ненад Митевски,Петар Стојанов и Симона Спировска.
Драматизацијата и адаптацијата ја направи Тијана Грумиќ, драматург на претставата е Драгана Лукан Николовски, сценографијата е на Андреја Рондовиќ, костимографија: Александра Лалиќ, а музиката на Круме Стефановски.
„Моби Дик“ е епска театарска пловидба што го преиспитува односот на човекот кон природата, границите на сопствената моќ и светот во кој живееме денес. Приказна за младите и за возрасните. Првата реприза е закажана за 27 ноември во петок.

