Министерството за внатрешни работи на Република Српска во соработка со Агенцијата за истраги и заштита (СИПА) на Босна и Херцеговина денеска уапси пет лица под сомнеж дека му помагале во криењето на бегалецот Ѓорѓе Ждрале, водач на една од криминалните групи во регионот Сараево.
Меѓу уапсените е и некогашниот воен командант на Армијата на БиХ, Насер Ориќ и поранешната пратеничка во Народното собрание на Република Српска, Николина Шљивиќ.
„Министерството за внатрешни работи на Република Српска ја спроведува оперативната акција „Емисар“ насочена кон разбивање на организирана криминална група, во рамките на која досега се уапсени пет лица“, соопшти полицијата.
Беше наведено дека во рамките на операцијата се вршат претреси на неколку локации, вклучувајќи и објекти во сопственост на Ѓорѓе Ждрале, кого полицијата го бара долго време за обид за убиство во Источно Сараево.
Тој е во бегство од 2 август годинава, кога го застрела и тешко го рани Коста Пандуревиќ, додека неговото двегодишно дете било во автомобилот со Пандуревиќ.

