Во Скопје денеска ќе се одржи второто издание на „Денови на Вардар 2026“, со цел да се отворат клучните прашања за одржливо управување со сливот на реката Вардар.
Дебатата годинава ќе биде фокусирана на Планот за управување со речниот слив на Вардар (RBMP) – клучниот плански инструмент за сливот согласно Рамковната директива за води на Европската Унија (WFD).
На отворањето се најавени обраќања на министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, државната секретарка во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Надица Џерковска, амбасадорот на Швајцарија Кристоф Зомер, амбасадорот на Косово Флориан Ќехаја, амбасадорот на Грција Јоанис Малукос и заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија Бен Нупнау.

