Во Основниот суд во Охрид денеска на обвинителна клупа треба да седне 31-годишниот Кристијан Корабоски кој ја претепа неговата 26 годишна девојка Сара Георгиевска и ја остави во бесознание на улица.
На Корабоски првично му беа одредени мерки на претпазливост но под притисок на јавноста мерката беше преиначена во притвор од 30 дена.
Корабоски се товари за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.
Корабоски ја претепа Георгиевска на 15 ноември по што ја остави на улица.
Од МВР информираа дека по претходна расправија која започнала во неговиот дом, а продолжила во неговиот автомобил, пријавениот во возилото физички ја нападнал Георгиевска. Откако го сопрел возилото, продолжил со нападот, при што девојката изгубила свест и паднала, по што била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

