Политичката партија Левица соопшти дека група оштетени граѓани од Крива Паланка кои со години се соочуваат со проблемот со неконтролираното движење на кравите доставиле писмена преставка до претседателот на Левица и претседател на собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот Димитар Апасиев.
Во соопштението од партијата се вели дека Апасиев најавил дека проблемот ќе биде отворен и детално претресен пред надлежната собраниска комисија со цел да се утврди одговорноста за долгогодишното непостапување на институциите.
Претходно, Министерството за змејоделство соопшти дека денес се одржа координативен состанок на надлежните институции на кој биле конкретизирани чекорите што треба да се преземат за да се реши овој долгогодишен проблем.
Меѓу чекорите е и мапирање на локациите каде се наоѓа добитокот и праќање на кравите во КПД Идризово, КПД Прилеп и кај млади сточари.

