Празнична атмосфера и новогодишна магија го исполнија плоштадот во Крива Паланка, каде што илјадници светилки и насмеани детски лица го означија почетокот на предновогодишните случувања.
Градоначалникот Сашко Митовски сподели фотографии од празничната декорација и им се заблагодари на граѓаните што со своето присуство внесле топлина и радост.
Тој најави дека ова е само почеток на предновогодишната програма, која треба да ја претвори Крива Паланка во вистинска празнична бајка.

