Британското Министерство за работа и пензии потврди дека неодамнешниот прекин на неговите информациски системи, што предизвика суспендирање на некои услуги во траење од неколку дена, е резултат на кибернапад , објавија британските медиуми.
„Заедно со Националниот центар за сајбер безбедност и Владиниот координативен центар за сајбер безбедност, ги утврдуваме причините за обидот за неовластен пристап до нашите системи. Министерството има детални акциони планови за вакви случаи – тие беа веднаш спроведени “, се вели во соопштението на одделот.
Инцидентот се случил на 26 ноември. Како превентивна мерка, голем број услуги биле исклучени, а некои сè уште биле недостапни. Сепак, министерството увери дека нема докази за компромитирање на лични податоци, а исплатата на пензиите и надоместоците продолжува како и обично .

