Вечерва, 29 ноември, во 19ч со отворањето на аудио-визуелната изложба „Talk to me machine“ на авторот Давор Илиев во Музејот на Град Скопје ќе биде затворен Фестивалот на креативни индустрии „Скопје креатива 2026“
…Додека домашната алтернатива со години спие во безопасна носталгија и рециклирање стари идеи, мејнстрим просторот без никаков отпор им се предаде на евтиниот турбо-фолк и генеричкиот трап со позајмени матрици. Градот и публиката со години немаат слушнато нешто сурово, свежо и бескомпромисно — звук што не бара компромис со радиски формати, туку провоцира и отвора прашања.Тишината се прекинува со директен аудио-визуелен одговор: концептуалниот проект „Talk To Me, Machine“.
Вечерва, Музејот на Град Скопје нема да биде простор за протоколарни разговори, туку арена за 90 минути гласен, моќен и суров звук. Композициите носат остар портрет на урбаниот ритам, ноќната отуѓеност и бетонот, спојувајќи ја човечката емоција со машинската прецизност… велат организаторите


