Сопственици на парцели што се наоѓаат на трасата каде треба да се гради автопатот Скопје – Блаце излегоа на блокада тврдејќи дека државата влегува во приватен имот без дозвола.
Мислам дека и во комунизмот вака не постапувале. Воопшто ништо немаат платено, ниту пак имам потпишано спогодба. Сум ја одбил сподгобата нормално за таква срамна, бедна цена, вели Сашо Јанкуловски, сопственик на земјиште во изјава за телевизија Телма.
Граѓаните не се согласуваат со проценката на државата за квадрат земјоделско земјиште да им даде 20 евра, а за градежно 50 евра.
Мислам дека се прави голема неправда, ми се зема половина од плацот каде што имам камиони песок и паркинг. Дури и автопатот ми поминува пред врата. За да отворат пат натаму оштетуваат многу фирми“, вели сопственикот на „Еуробетон“, Абдураман Мифтари.
Сопствениците на парцели тврдат дека вештакот што ја правел проценката нема лиценца, а проценката е правена врз лажна документација.

