дома Македонија Економија Една минимална плата само за храна, ССМ утре одлучува за протестите

Една минимална плата само за храна, ССМ утре одлучува за протестите

Една минимална плата во Северна Македонија е потребна само за храна и пијалоци. Пресметките на Сојузот на синдикати за минималните месечни трошоци за јануари покажуваат дека на четиричлено семејство само за храна и пијалоци му биле потребни 24.000 денари.
Вредноста на синдикалната минимална кошница во јануари е зголемена за 921 денар во однос на декември, односно изнесува 66.413 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати достигнува 81.788 денари.
Поради зголемените трошоци за живот, ССМ бара зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите останати плати. Утре, на седница на највисоките тела на синдикатот треба да биде донесена одлука за протести.
За утре во 12 ипол е закажана и прес-конференција на претседателот на ССМ на која се очекува да бидат соопштени деталите за протестите.

ПредходнаСе бара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов, му прети и одземање на имунитетот
СледнаСудскиот совет одлучува за имунитетот на судијата Ристов