Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за сериозното влошување на состојбата во борбата против корупцијата и институционалната деградација во земјата, се вели во соопштението од партијата
Според најновиот извештај на „Транспаренси интернешнл“, Северна Македонија бележи пад од 12 места на Индексот на перцепција на корупцијата за 2024 година рангирајќи се на 88. место од вкупно 180 држави со само 40 поени. Овој драстичен пад е јасен показател за губењето на јавната и на меѓународната доверба во државните институции.
Како опозиција оценуваме дека оваа Влада не само што не успеа да се справи со корупцијата туку со своите постапки и ја нормализира.
ДУИ оценува дека:
• Корупцијата се продлабочува и станува норма;
• Државната безбедност и довербата на граѓаните се сериозно нарушени;
• Транспарентноста и заштитата на животната средина се жртвуваат во корист на тесни економски интереси.
Како сериозна политичка партија, бараме:
• Итна ревизија на антикорупциските политики и укинување на законите што ја штитат корупцијата;
• Политичка и институционална одговорност за падот на државата на индексот на корупција;
• Целосна транспарентност за индустриските активности што директно влијаат врз здравјето на граѓаните.




