Пролетта започнува во петок, 20 март, во 15:46 часот, објавиja Астрономските друштва .

Како што е објавено, есента започнува во исто време за жителите на јужната хемисфера.
Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути.
Денов трае 12 часа и 8 минути.
Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во 6 часот и 2 минути, а ќе зајде во 19 часот и 44 минути.
На денот на пролетната рамноденица, денот и ноќта не се со еднаква должина, бидејќи атмосферата на Земјата навидум го крева Сонцето над хоризонтот.
Првиот пролетен ден е 79-от во годината и ќе трае 12 часа и 08 минути. Сонцето изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути.
Пролетта ќе трае 92 дена, до 21 јуни во 10 часот и 24 минути, кога календарски започнува летото.
Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 15 степени.




