дома Македонија Политика Анкета: Христијан Мицковски осамен на врвот, по него Ахмети, па Апасиев, па…

Анкета: Христијан Мицковски осамен на врвот, по него Ахмети, па Апасиев, па…

 По 2 години  власт ВМРО ДПМНЕ во убедливо водство, а претседателот Христијан  Мицковски  е највиско од другите лидери на македонската политичка сцена.

 

24 отсто од испитаниците, на прашањето за која политичка партија ќе гласате на следните избори, одговорија дека нивниот избор е ВМРО-ДПМНЕ.

Втора партија е Вреди со 5,1 отсто доверба, па СДСМ о 4,9%, ДУИ 4,8%, Левица 3,1%, ЗНАМ 2,1… 28,1 отсто од испитаниците одговорија дека нема да гласаат, а 9,7% – „не знам дали ќе гласам“.

Интерессно е што  една пристојна бројка на испитаници близу 50 проценти  или несака да каже или вели дека нема да гласа  или не решиле.

Дали сте за влез на Македонија во ЕУ со статус на земја набљудувач, односно членка на ЕУ без право на вето? Повеќе од половина (52%) од испитаниците изјавиле дека се за влез на Македонија во ЕУ без право на вето.

На прашањето за тоа во која насока се движат работите во Македонија, 36,2 отсто од испитаниците одговориле дека наоката е правилна, а 46,9 отсто од нив сметаат дека се движиме во погрешна насока.

Анкетирањето беше спроведено од 2 – 18 март со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

ПредходнаАтлетска трка утре во Скопје, пријавени 500 натпреварувачи
Следна„Пиперка 300 денари – расте рејтингот“: СДСМ со ироничен напад на ВМРО-ДПМНЕ