Во Скопје утре со почеток во 10 часот ќе се одржи петтото издание на трката „Водно 10К“ што ја организира Атлетскиот клуб „Фортиус“.
На трката се пријавени 500 натпреварувачи. Стартот е на долниот паркинг на Средно Водно, а рутата е по асфалтниот пат до манастирот „Св.Пантелејмон” и назад со вкупна должина од 9,6 км. Покрај трката од 10км, ќе се трча и штафетна трка.
Оваа делница ќе биде затворена за сообраќај од 06:00 до 13:00 часот.
За натпреварувачите е обезбеден беплатен превоз кој ќе сообраќа од основното училиште „Кочо Рацин“ до паркингот на средно Водно, а по завршување на трката по обратен редослед.




