дома Македонија ВМРО-ДПМНЕ поднесува законски измени – пратеник да се биде само со македонско...

ВМРО-ДПМНЕ поднесува законски измени – пратеник да се биде само со македонско државјанство

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесува предлог за измени на Законот за пратеници со кој се предвидува пратеник во Собранието да може да биде лице кое има само македонско државјанство.

Пратеникот Бојан Стојановски, кој е еден од предлагачите на законските измени, вели дека предлогот ќе биде ставен утре на пленарна седнница и дека очекува подддршка да добие и од пратениците од СДСМ.

– Во текот на вчерашниот ден, излезе една вест на фејсбук страната на СДС во којашто сме ние неколкумина, со една прашална форма дали сме гласале на изборите во Бугарија, рече Стојаноски.

Стојаноски вечерва за телевизија „Сител“ демантираше дека тој и уште неколумина имаат бугарски пасоши и дека гласале на изборите во Бугарија.

– Уште еднаш да демантирам, дека никој од нас не поседува никакво друго државјанство, а најмалку бугарско. Ако се уверени во ова, има начин како тоа да го докажат, нека се обратат до одредени институции, некој од  нив нека излезе, ама да не биде од собраниска говорница, нека даде прес-конференција, секако дека ќе го тужиме, рече Стојаноски.

 

ПредходнаСе ограничува маржата на цената на вештачките ѓубрива
СледнаВладина делегација во посета на Австрија