Камион рано утринава се превртел на скопската обиколница при што повредени се возачот и совозачот.
Според информациите од МВР, камион марка „мерцедес“ со косовски таблички излетал од коловозот на околу еден колиметар пред клучката кон Приштина.
Повредените се пренесени на комплексот клиники Мајка Тереза.




