дома Македонија Економија Нагрнаа албански граѓани на ГП „Ќафасан” за набавка на гориво и храна...

Нагрнаа албански граѓани на ГП „Ќафасан” за набавка на гориво и храна во Македонија

  Рекорден проток на патници и возила е забележан во саботатаа на граничниот премин „Ќафасан”, на македонско – албанската граница кај Струга.

Речиси 80 отсто од оние кои минуваат преку овој премин се албански граѓани кои во Струга и Охрид, каде саботно е пазарен ден,  доаѓаат поради набавка на гориво и храна, кои се по пониски цени од оние во нивната земја .

-Редицата автомобили за преминување на границата е долга со километри. Според извештаите, на граѓаните им се потребни над 2 часа за да преминат од Албанија во Македонија и обратно, наведуваат албанските медиуми.

Посочуваат дека цените на горивата во Албанија се повисоки отколку во Македонија. На пример литар дизел во Албанија е 2,2 евра.

Албанските граѓани купуваат и доста храна од Македонија која е и поефтина и поквалитетна.

ПредходнаВикендов приведени 15 возачи за безобѕирно возење
СледнаЦветници се.