дома Македонија Политика Бугарски европратеник се закани со ново вето за Македонија и тврди дека...

Бугарски европратеник се закани со ново вето за Македонија и тврди дека Вајц работи под диктат на Мицкоски

Бугарскиот европратеник Илија Лазаров (ГЕРБ) упати остри критики кон својот колега Томас Вајц, обвинувајќи го дека е под „туторство“ на премиерот Христијан Мицкоски и министерот Тимчо Муцунски. Поводот за оваа реакција е предлогот на Вајц за амандман со кој се доведува во прашање Вториот протокол од Договорот со Бугарија, кој е дел од преговарачката рамка.

„Секоја промена во европскиот консензус ќе ѝ даде на Бугарија право да стави вето на членството на Северна Македонија“, изјави Лазаров во интервју за БГНЕС. Тој со недипломатски речник порача дека Скопје мора да се однесува „пристојно“ ако сака да биде дел од европскиот клуб и дека „францускиот предлог“ е завршена работа која мора да се спроведе без коментари.

ПредходнаНема ограничувања за горивата, соседите користат и керозин од кај нас, тврди премиерот
СледнаСведоштва од „Пулс“: Се свртев назад и сè беше темно, почнаа да пукаат светилките. Ако задоцневме 10 секунди, немаше да преживееме