дома Македонија Судар на неколку возила синоќа во Ѓорче Петров, повредени повеќе лица

Судар на неколку возила синоќа во Ѓорче Петров, повредени повеќе лица

Пет возила се судриле синоќа во Ѓорче Петров при што едно лице е потешко повредени, а повеќемина други се повредени.

Сообраќајката се случила околу 21 часот меѓу две возила „бмв“, „фолксваген туран“, „фолксваген артеон“ и „мерцедес“.

Со тешки телесни повреди се здобило 19-годишно момче од село Кондово, а повредени се и повеќемина други учесници во сообраќајката.

Повредените се пренесени во Ургентниот центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „8 Септември“.

ПредходнаKaĸo дpжaвнaтa цeнзypa ги „cĸpши“ плaтнитe cиcтeми и Pycиja ce вpaти вo 90-титe
СледнаСДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ ангажирала израелска компанија да ги следи функционерите на СДСМ