дома Македонија Гаши поборник за отворени листи

Гаши поборник за отворени листи

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека созрева времето за воведување на отворени листи во изборниот модел. Самиот тој, вели дека е поборник за тоа.
– Сега има аргументи и „за“ и „против“. Јас сум еден од поборниците дека треба да ги отвориме листите. И граѓаните, освен партијата што ќе ја направи листата, мислам дека треба да имаат право да изберат свој омилен пратеник, рече денеска Гаши.
        На тој начин, смета Гаши, ќе се зголеми демократичноста и дигнитетот на пратеникот.
– Тогаш пратеникот кој бил 10-ти на листа или 20-ти, а станал пратеник, тоа не е по заслуга само на лидерот, туку тој доаѓа во Собранието со гласовите на народот и тогаш неговата одговорност не се врзува само за лидерот и партијата, туку и за граѓаните. Овој дел навистина е многу битен, треба да го разговараме, не дека не го разговараме. Треба да бидеме храбри. Веќе има работна група која работиnaза изборниот модел. Повикувам да дојдеме до тој ден кога ќе ги отвориме листите, рече Гаши.

ПредходнаШест лица завршија во притвор за шверцот и интервенции со лажниот ботокс
СледнаЕвакуиран Сити Мол по дојава за поставена бомба