дома Локално Метео аларм: Македонија ја зафаќа невреме, силен ветер од 70 км/ч и...

Метео аларм: Македонија ја зафаќа невреме, силен ветер од 70 км/ч и грмежи

Целата територија на државата утре, 16 мај, ќе биде зафатена од нестабилна воздушна маса која ќе донесе поинтензивни метеоролошки процеси. Според метео-алармот, се очекуваат локални невремиња придружени со обилни врнежи од дожд и силен ветер.

Метеоролозите предупредуваат на бурен развој на облачноста кој ќе предизвика поројни дождови, со количина која на места ќе надмине 20 литри на метар квадратен.

Особено внимание се препорачува поради најавениот засилен до силен ветер, чија брзина ќе достигне над 70 километри на час, како и појава на грмежи.

ПредходнаКако да се добие довербата на кучето?
СледнаФБИ фати двајца велешани кои пљачкале злоупотребувајќи го претседателот на САД