дома Македонија Опожарен автомобил во Тафталиџе, неофицијално е на судијата Ѓоко Ристов

Опожарен автомобил во Тафталиџе, неофицијално е на судијата Ѓоко Ристов

Во скопската населба Тафталиџе ноќеска е запален автомобил кој, според неофицијални информации, го користел судијата Ѓоко Ристов познат по тоа што во домот на неговите родители беа најдени соѕидани 350 илјади евра.
Министерството за внатрешни работи информира дека случајот е пријавен околу 02:50 часот во СВР Скопје.
– На 13.7.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на територија на Карпош, било опожарено патничко возило ‘пасат’ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р.“, соопшти МВР.
Во пожарот се оштетени уште две возила.
Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, а во тек е увид за утврдување на причините за настанување на пожарот.

ПредходнаНевиден пожар во близина на Париз. „Пожарот е пред куќите“
СледнаДрастичен скок на горивата