Српскиот премиер Ѓуро Мацут попладнево пристигна во Охрид каде ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски.
На Охридскиот аеродром го пречека шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски кој објави фотографии од пречекот.
– Во фокусот на разговорите ќе бидат натамошното унапредување на политичкиот дијалог и продлабочувањето на економската соработка меѓу двете земји. Охрид, како град со исклучително историско, духовно и културно значење, претставува мост меѓу двете земји и соодветно место за средба посветена на пријателството, добрососедството, регионалната стабилност и соработката, напиша Муцунски на Фејсбук.




