дома Македонија Кризна состојба од 30 дена поради опасност од пожари

Кризна состојба од 30 дена поради опасност од пожари

Поради опасност од пожари на отворен простор Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба која почнува од утре и ќе трае 30 дена.

– Одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за заштита на животите на граѓаните, нивниот имот и природните ресурси, велат од Владата.

Се предвидува активирање на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе биде во постојано заседавање и во рок од 24 часа ќе изготви акциски план за превенција и справување со пожарите, преглед на расположливите човечки и материјално-технички ресурси, како и план за координирано дејствување на сите надлежни институции.

 

ПредходнаАмериканскиот OFAC ја продолжува лиценцата на NIS за продолжување на работата до 28 август