
Џејмс Хејвен, брат на Анџелина Џоли и син на Џон Војт, јавно откри дека е геј. Тоа го направи во пренос во живо со поранешната сопруга Роми Мари Имбели, со која остана во блиски односи по разводот. Хејвен прочита писмо за својата сексуалност на нејзиниот канал Substack.
Џејмс лани тајно се ожени со Роми Имбели, ѕвездата на американското ријалити шоу „The Real L Word“.
– Јас сум геј. Како момче ги обожавав принцезите на „Дизни“. Тајно ставав светки на образите и маскара на трепките, а во тие моменти се чувствував магично“, рече 53-годишниот Хејвен.
Тој објасни дека „излегувањето од плакарот“ (изјаснување за сексуалноста) за него не значело создавање нов идентитет, туку овозможување на другите да ја запознаат личноста која цело време била тука.
– Се надевам дека ќе можат да видат подалеку од етикетите и едноставно во мене да го препознаат истото срце, истата смеа и истата душа што отсекогаш ја познавале – рече тој.
Тој објасни дека во тоа време не знаел како да опише зошто поради тоа се чувствувал повеќе свој.
– Никогаш не стануваше збор за тоа да се преправам дека сум некој друг. Стануваше збор за тоа да дозволам дел од мене што отсекогаш постоеше да дојде до израз – рече Хејвен, кој глумеше со својата сестра Анџелина во филмовите „Џија“ и „Првиот грев“.
Џејмс и Роми биле пријатели 23 години пред да се венчаат во 2024 година на интимна церемонија во Лагуна Бич во Калифорнија. Роми поднесе барање за поништување на бракот само 15 дена подоцна. Неговата сестра Анџелина Џоли не беше на свадбата.
Во заедничко писмо, тие напишаа дека оваа приказна никогаш не била само на Џејмс, туку нивна.
– Не сум тука да присилам некого што го сакам јавно да се изјасни. Тука сум да му помогнам на некого да се ослободи. Тоа е разликата. За возврат, тој ме ослободи – се вели во писмото.




