Четириесет и седум машки и едно женско дете има посвоено кралицата на ромската музика Есма Реџепова.

Како што и самата имаше неколкупати изјавено нејзин најголем успех биле токму тие деца на кои им обезбеди топол дом и родителска љубов заедно со нејзиниот сопруг, музичарот Стево Теодосиевски.
Својата огромна љубов кон музиката и песната им ги пренесоа на тие деца.
Сепак, пред крајот на животот, Есма посвојува и едно женско дете – ќерката Елеонора Мустафовска.




