дома Македонија Црна хроника Одложено судењето за деветмината полицајци обвинети во врска со трагедијата во дискотеката...

Одложено судењето за деветмината полицајци обвинети во врска со трагедијата во дискотеката Пулс

Судењето за деветмината полицајци обвинети во врска со трагедијата во кочанската дискотека Пулс, кои се товарат за пропуштањето на службените обврски за издавање согласност за дискотеката да добие лиценца, се одложува за 1 јуни со цел одбраната да може да обезбеди и изврши убид во доказите.

Одбраната на дел од обвинетите пред почетокот на денешното рочиште побара од Судот да достави барања до МВР, БЈБ и УЈП за обезбедување докази, декласификација, како и право на увид на вешто лице што е најавено да прави вештачење.

Обвинителката Спасенка Андонова по предлозите на одбраната рече дека ќе се произнесе откако ќе бидат обезбедени и ќе направи увид и анализа.

ОЈО-ГОКК ги товари сите деветмина за “Злоупотреба на службената положба” за тоа што во период од една година пропуштиле да преземат службени дејствија и неопходни проверки од аспект на јавната безбедност и сообраќајните решенија, а кои биле неопходни од аспект на обезбедувањето на одобрение – лиценца за работа на дискотеката Пулс.

ПредходнаАпсења на нови осомничени во докторската афера за нелегални ботокси и филери
СледнаФилипче: Мицкоски ретерира од најавениот закон – министри, пратеници, градоначалници од ВМРО имаат бугарски пасоши