Лажна е дојавата за поставена бомба во трговскиот центар „Сити мол“, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи.
Оттаму информираат дека по преземените мерки утврдено е дека се работи за лажна дојава.
– Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектот, при што е утврдено дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби, наведува МВР.
Трговскиот центар беше евакуиран откако на електронска адреса на МВР пристигнала дојава за поставена експлозивна направа.




