дома Македонија Филипче: Ја напуштаме работата за Изборниот закон, нема разединетост во партијата

Филипче: Ја напуштаме работата за Изборниот закон, нема разединетост во партијата

СДСМ ја напушта работата во работната група за Изборниот законик, објави денеска лидерот на партијата Венко Филипче.

– Ние ја напуштаме само работата во работната група за Изборниот закон, поради тоа што новиот Закон за влада, кој што се носи на овој начин, е нешто што значи сузбивање и на демократијата во земјата. Зошто? Поради тоа што не се созреани условите да се тргне техничката влада. Ако една влада, еден закон, техничка влада бил донесен со консензус во 2016 година, вратена повторно на лично барање на Христијан Мицкоски во 2018 година, и јасно стои во законот дека тоа ќе биде така до влегување на државата во Европска Унија, рече Филипче.

Повтори дека без техничка влада не може да се гарантираат фер и демократски избори и најави дека СДСМ ќе ги искористи сите демократски методи.

– Се поставува прашањето зошто им се брза сега, и зошто го менуваат на начин на којшто ги слабее техничките министри? А укажуваме секојдневно дека начинот на кој што владеат е еднаков на начинот на којшто се владееше во време на Никола Груевски. Се контролираше правосудството, медиумите, се контролираше економијата беше целосно насочена за искористување на партиските структури на ВМРО ДПМНЕ.Исто е сè, целосна политизација, контрола на полицијата, рече Филипче.

Филипче негира дека внатре во СДСМ има разединетост откако Движењето ЗНАМ обвини за вакво нешто повикувајќи се на изјавите на Филипче и координаторот на пратеничката група Оливер Спасовски. 

– Нема разединетост, ниту во пратеничката група, ниту во партијата. Точно е дека разговараме за сите опции, но засега, повторно да кажам, ние ја напуштаме само работата во работната група за Изборниот закон. Ние сме спремни да ги искористиме сите демократски методи за да се бориме против ова, рече Филипче.

ПредходнаСудење Пулс: Јованов останува во притвор, на барањето за куќен притвор реагираа родителите
СледнаНајголем дел од починатите во Пулс починале од труење со јаглероден моноксид