дома Македонија Виница се приклучува на Маршот на ангелите

Виница се приклучува на Маршот на ангелите

Денеска и Виница се приклучува на Маршот на ангелите посветен на загинатите во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.

Собирот е закажан за попладне во 17:05 часот од плоштадот Ангел Винички.

– Маршираме затоа што зад бројката 63 стојат 63 прекинати животи, неостварени соништа, празни соби и семејства што засекогаш останаа без дел од себе. Затоа што над 500 повредени и преживеани не се бројки во извештај туку луѓе што секој ден живеат со физички последици и трауми од таа ноќ. Маршираме затоа што за ваква трагедија не смее да постои симболична одговорност. Затоа што условна казна не е правда за 63 изгубени животи и стотици уништени семејства. Молчевме доволно. Сега зборуваат ангелите преку нас. Чекорат преку нас, пишува во објавата на Фејсбук.

ПредходнаНови правила за возачки дозволи: ограничувања за возачи-почетници
СледнаМал џеб се наоѓа на речиси сите фармерки, но малкумина знаат за што служи.