Властите ги зајакнаа безбедносните мерки во турската престолнина пред состанокот, забранувајќи протести, оградувајќи големи делови од градот и затворајќи патишта. ТКП соопшти дека организирала протестен марш на централниот плоштад Кизилај во Анкара, додавајќи дека се приведени повеќе од 100 членови на партијата.
„Нема да ја предадеме Анкара на поддржувачите на НАТО“
На одделен протест во Истанбул, исто така организиран од ТКП, стотици луѓе маршираа од плоштадот Таксим до Долмабахче. И покрај силното полициско присуство, немаше инциденти. „Денес се собравме во многу делови од Турција за да протестираме против НАТО“, изјави генералниот секретар на ТКП, Кемал Окујан, во Истанбул.
„Рековме дека нема да ја предадеме Анкара на поддржувачите на НАТО, дека нема да дозволиме Анкара да молчи. Го исполнивме тоа ветување“, рече Ке- Независно од овие протести, уште 39 лица беа приведени во антитерористички рации низ целата земја, меѓу кои новинари од независни медиуми, активисти и универзитетски професори, објавија медиумите денес.




