Во рамки на Скопско лето вечерва во Сули ан ќе биде презентиран проектот „Скопје 63/63“ којшто претставува средба на поезијата и фотографијата, посветена на 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Поетската антологија, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопје и неговата меморија. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен јазик сведочат за архитектонското наследство што го преживеало земјотресот.
Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретација на Скопје како простор во кој минатото и сегашноста постојано се преплетуваат.
Настанот претставува спомен за минатото, но и потсетник за човечноста, солидарноста и колективната меморија на градот.




