дома Македонија Економија Мацут со Мицковски за подобрувањето енергетската поврзаност на Србија и Македонија

Мацут со Мицковски за подобрувањето енергетската поврзаност на Србија и Македонија

 

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Охрид остварил тет-а-тет средба со премиерот на Србија, Ѓуро Мацут.

– Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Премиерот на Република Србија, проф. д-р Ѓуро Мацут,  по средбата изјави дека Србија останува силно посветена на понатамошно зајакнување на добрососедските односи и подобрување на соработката со Северна Македонија, оценувајќи дека двете земји имаат значителен потенцијал за реализација на заеднички развојни проекти.

Мацут истакна дека за време на разговорите биле разгледани теми од стратешко значење за двете земји и за регионот, со посебен акцент на подобрувањето на транспортната и енергетската поврзаност, развојот на инфраструктурата, зајакнувањето на економската и земјоделската соработка, како и создавањето поповолни услови за поинтензивна трговска размена и поголем проток на луѓе, стоки и услуги.

Според ссрпските емдиуми премиерот нагласил дека развојот на модерна транспортна инфраструктура е еден од клучните предуслови за посилен економски раст во регионот, посочувајќи ја важноста од модернизација на железничкиот коридор што ќе ги поврзе Србија, Северна Македонија и Грција. Според него, реализацијата на овој проект ќе придонесе за побрз и поефикасен транспорт на патници и стоки, поголема конкурентност на економијата и дополнителна економска интеграција на регионот.

Зборувајќи за енергетиката, Мачут изјави дека биле разгледани активностите за реализација на гасен интерконектор меѓу Србија и Северна Македонија, како и можностите за проширување на соработката во областа на нафтената инфраструктура, нагласувајќи дека енергетската безбедност и диверзификацијата на снабдувањето се од заеднички интерес за двете земји.

Тој, исто така, укажа на важноста од понатамошно подобрување на соработката во областа на земјоделството, првенствено преку отстранување на административните пречки што ќе овозможат поефикасна трговија со земјоделски и прехранбени производи, како и зајакнување на партнерството на производителите од двете земји.

Српскиот премиерот истакнал дека соговорниците разговарале и за понатамошниот развој на воздушниот транспорт, оценувајќи дека редовните авио линии меѓу Белград и Охрид претставуваат добра основа за зајакнување на туристичката, економската и целокупната соработка.

Мацут рече дека Србија ја гледа Северна Македонија како сигурен партнер и пријател, нагласувајќи дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи да се темели на редовен политички дијалог, меѓусебна доверба и спроведување на конкретни заеднички проекти што носат непосредни придобивки за граѓаните и придонесуваат за мир, стабилност и долгорочен развој на регионот.

По тет-а-тет разговорите меѓу двајцата премиери, се одржа работен ручек на делегациите на Република Србија и Република Северна Македонија.

Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура Александра Софронијевиќ и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Драган Гламочиќ се во посета на Охрид со премиерот Мацут.

На аеродромот во Охрид, српскиот премиер го пречека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Охрид, како град со исклучително историско, духовно и културно значење, претставува мост меѓу двете земји и соодветно место за средба посветена на пријателството, добрососедството, регионалната стабилност и соработката, напиша Муцунски на Фејсбук.

ПредходнаЌе останат ли парите од вториот пензиски столб на осигурениците или ќе бидат национализирани?
СледнаСрбија реагира на строгите царински контроли за млечни производи и други производи од животинско потекло во Северна Македонија