Бремената Ен Хатавеј (43) со интересно модно издание се појави на црвениот тепих на светската премиера на нејзиниот најнов филм „The End of Oak Street“.
Хатавеј покажа како и во блажено издание може да изгледа шик. На црвениот тепих се појави во широки фармерки искомбинирани со свилен топ кој го откриваше нејзиното трудничко стомаче. Целиот аутфит беше надополнет со високо коњско опавче и црвен кармин.
Оскаровската е бремена со трето дете. Таа со сопругот веќе ги имаат синовите Џонатан (10) и Џек (7).




