дома Македонија Мицкоски не ја коментира изјавата на Вучиќ за црквата

Мицкоски не ја коментира изјавата на Вучиќ за црквата

Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да ја коментира неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека српската црква е иста и во Скопје и во други градови низ светот.

– За мене лично МПЦ – ОА Јустинијана Прва е нешто што е најсветол дел од македонскиот православен идентитет. Таков тип на изјава ниту имам намера да коментирам, ниту би сакал да навлегувам во каква било дневна комуникација со изблици на нешто кое повеќе наликува на минатиот век, а не на 21 век, вели Мицкоски во првата изјава по неговото враќање од одмор.
         На изјавата на српскиот претседател, реагираше и МПЦ – ОА.

-Длабоко свесна за својата историска улога и за одговорноста во духовниот живот на македонскиот народ, а водена од евангелските начела и богатото православно предание, таа останува Црква отворена за сите, обединувајќи ги своите верни во единството на верата и во евхариското заедништво, надминувајќи ги сите минливи политички, идеолошки и општествени подели, вели МПЦ во реакцијата.

ПредходнаТрамп сака да ја провери лојалноста на сојузниците на НАТО кон САД
СледнаОстатоци од дронови пронајдени на четири локации во Романија