
Мопсот Џини Лу официјално е избрано за најгрдо куче на светот на натпревар одржан вчера во округот Сонома во Санта Роса во американсаката сојузна држава Калифорнија.
Целта на натпреварот не е да се исмеваат „грдите“ кучиња, туку да се слават нивните уникатни карактеристики.
„Натпреварот за најгрдо куче во светот“ уште од 70-те години на минатиот век се одржува секоја година на панаѓур во Сонома.

Многу од кучињата-учеснички на натперварот се спасени од засолништа или кафилерии и нашле свои домови во семејства кои им пружиле љубов, велат организаторите на натпреварот.
Тоа, според нив, е и целта на натпреварот: да се нагласат несовршеностите што ги прават сите кучиња толку посебни и уникатни.
Наградата за најгрдо куче на светот годинава отиде во рацете на Џини Лу, која минатата година беше втора. Џини Лу и нејзината сопственичка добија парична награда од 5.000 долари и патување во Њујорк.

На второто место оваа година се најед Пинки, мешанец помеѓу померанец и чивава, а чивавата Ото го освои третото место.

Инаку, Џини Лу била пронајдена во дрвена гајба во планински реон во Јужна Кореја, од каде ја спасила организација за заштита на животните.
„Џини Лу сака да се гушка, да лежи на сонце и да ги поздравува посетителите“, вели нејзината сопственичка.

Таа посочува дека Џини Лу има обичај да се прикрадува во трпезаријата и многу дискретно да го пика јазикот во сечија чинија со храна, за да провери дали се е по нивни вкус. Ако не се мази или не прави хаос, тогаш Џини Лу сака да лае на нејзиниот одраз во огледало.




