
Нешто повеќе од еден месец пред важните избори за локалниот Парламент, градот-покраина Берлин го потресува уште еден скандал, што дополнително го продлабочи идеолошкиот и политичкиот јаз во Германија.
Скандалот е поврзан со отворен базен долг 25 метри, поставен пред „Народниот театар од Берлин“ (ФББ). Идејата е на новиот директор на театарот, кој се решил на ваквиот потег бидејќи обејктот се реновира и е невозможно да се прикажува редовниот репертоар до октомври. Базенот наречен „Фолксбад“ („Народна бања“), е отворен на 7 август и влезот во него е бесплатен.
Покрај ова, базенот понекогаш и се издава на разни организации и здруженија за потребите на нивните членови. Така, попладнето на 14 август, тој беше закупен од здружението за борба против расизмот и поддршка на црнците „Секој учи некого“ (ЕОТО) и шест часа требаше да биде достапен само за членовите на црнечката заедница.
Но, на крајот Театарот и ЕОТО го откажаа планираниот пливачки настан за црномуретти деца и млади, поради „безбедносни причини“.
„Не можеме да гарантираме ниту безбедно пристигнување и заминување на регистрираните посетители, ниту опуштено празнично попладне за нив“, се вели во соопштението на ФББ.
EOTO, исто така, објави дека „повеќе не може да верува оти тоа би било позитивно искуство за младите луѓе и дека физичката и психолошката безбедност на децата и младите не може да се гарантира дури ни со обезбедување и полиција“.
🇩🇪 A taxpayer-funded Berlin outdoor pool has cancelled a “Black-only” swimming day following accusations of racial discrimination.
The Volksbühne theatre blamed “racist incitement,” claiming it could no longer guarantee participants’ “physical or emotional safety.”
Follow:… pic.twitter.com/uPQcEmJc2Z
— Europa.com (@europa) August 15, 2026
На ваквата одлука ѝ претходеше жестока дебата. Ексклузивното користење на базенот за Берлинци со потемна кожа предизвика реакција што набрзо го надмина локалното ниво на Берлин. Прво, политичар од владејачката Христијанско демократска унија (ЦДУ) на социјалните мрежи објави дека одлуката базенот во теј период да можат да го користат само црнци, кај него буди „дискриминаторското чувство“.
„Не ми е дозволено да одам на базен, само затоа што сум бел“, наведе демохристијанскиот политичар.
Набрзо, во услови на предизборна кампања за покраинските избори во Берлин закажани за 20 септември, следеа реакции и на други политичари и партии.
Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и партијата Левица се изјаснија „против дискриминацијата врз црнците“, а кандидатот на ЦДУ за берлински градоначалник и актуелен министер за финансии на Берлин, Стефан Еверс, оцени дека со ова се дискриминира секој кој не е од африканско потекло. „Всушност, јас го разбрав „Фолксбад“ како „базен за сите“, изјави Еверс.
Носителот на листата на либералната Слободна демократска партија (ФДП), Криштоф Мајер рече дека базен што ги дели луѓето според бојата на кожата, води до апсурдноста на неговото име. „Јавните институции треба да ги зближуваат луѓето, а не да ги разделуваат“, рече Мајер.
Најактивни учесници по ова прашање беа претставниците на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД), која води на анкетите за изборите во Берлин. Потпретседателката на партијата Алис Вајдел, целиот случај го нарече „апартхејд“. „Парите од даноците за вакви настани треба веднаш да се укинат!“, изјави Вајдел.
Во интервју за неделникот „Шпигел“ пред откажувањето на настанот, директорот на ФББ, Матијас Лилиентал потенцира дека Законот против дискриминација на сојузната покраина Берлин „предвидува дека на групите што доживуваат дискриминаторски искуства им се нуди рамка во која можат да се движат без дискриминација“.
„Gestern waren vor dem Haus 20 rechte Blogger! Wir hatten schlichtweg Angst, dass zwischen 6 & 14-jährige Schwarze Kindern durch ein Spalier von Leuten gehen müssen, die ihnen nicht freundlich gesonnen sind. […] Wir haben das Bad mit letzter Kraft hinorganisiert & sind nicht… pic.twitter.com/AeTWJtK3q5
— Nurder Koch (@NurderK) August 15, 2026
Ексклузивното користење на базенот за црнци, според него, спаѓа во концептот на „нееднаков третман“ во овој закон.
Член 5 став 2 од Законот вели дека „Нееднаквиот третман (…) е оправдан ако се потребни соодветни и пропорционални мерки за да се спречат или компензираат постојните неповолности на структурно неповолните лица (…) (позитивни мерки).“
Лилиентал инфромира и дека театарот им доделил право на ексклузивно користење на базенот и на други групи и здруженија, како што се „Гангвеј Кру“, кое се занимава со теренска социјална работа со млади и возрасни или „Флусбад Берлин“, кое се залага укинување на општата забрана за пливање во реката Шпре.
Според Лилиентал, пливачкиот настан за црномурести деца и млади стана цел на десничарско и расистичко вознемирување.
Здружението EOTO информира дека откако започнала јавната дискусија за настанот, добивале расистички заканувачки е-пораки, закани за насилство и дискриминаторски коментари на социјалните медиуми.
„Секако, дека ќе продолжиме да нудиме позитивни мерки за структурно загрозените лица“, рече Лилиентал, нагласувајќи дека соработката со здружението EOTO ќе продолжи.
Сепак, поред него, заштитата на гостите, партнерите и вработените има највисок приоритет.




