Во категоријата најдобро концертно издание на носач на звук, на Меѓународните награди за класична музика (ICMA) за 2027 година, деновиве беше номиниран и албумот на нашиот врвен пијанист Симон Трпчевски.
Албумот на Трпчевски е издание на британската музичка куќа Linn Records, а станува збор за снимен материјал од настапот со данскиот диригент Томас Сондергард и Кралскиот шкотски национален оркестар. ЦД изданието од музицирањето на Трпчевски, изведувајќи два концерта за пијано и оркестар од францускиот композитор Камиј Сен-Санс, Вториот концерт за пијано и Петтиот концерт, познат како „Египетски“, се најде меѓу номиниранините 350 аудио и видео продукции во 16 категории, од повеќе од 100 издавачки куќи од Европа, Азија и Северна Америка. Снимката е направена за време на концертите одржани во февруари и јуни 2024 година во Кралската концертна сала во Глазгов. На обвивката на албумот е искористено дело „Пејзаж“ на македонскиот ликовен уметник Славчо Спировски.
Номинациите ги објавија Меѓународните награди за класична музика, кои ги издвојуваат најзначајните музички изданија и изведувачи, а изданието доби позитивни критики од меѓународната музичка сцена. Германската критичарка Изабел Федрици, во рецензија за „Piano News“ и „Ensemble“, го оцени настапот на Трпчески како доказ за неговата техника, музикалност и изведувачка брилијантност, опишувајќи ја снимката како инспиративна.


