Инцидентот во воздухопловна база „РАФ Ферфорд“ во западна Англија, што се случи кон крајот на минатиот месец, најверојатно бил оркестриран од Иран, односно од Копусот на Иранската револуционерната гарда, изјави денеска британскиот премиерот Енди Барнам пред пратениците во Парламенто во Вестминстер.
Бурнам додаде дека поради ова Велика Британија ќе воведе дополнителни санкции кон Иран со цел „дополнително да го отежне иранското мешање“.
Тој соопшти и дека британскиот министер за надворешни работи Ед Милибанд го повикал на разговор иранскиот амбасадор во Лондон за јасно да стави до знаење дека Велика Британија „нема да толерира никакви закани на својата територија“.
Во текот на ноќта меѓу меѓу 26 и 27 септември во близина на воздухопловната база „Ферфорд“ беа забележани три сомнителни комбиња, по што на местото на настанот пристигнаа вооружени полицајци кои уапсија петмина Британци под сомнеж дека можеби подготвувале напад.

Подоцна во рамки на истрагата за случајот беа приведени уште двајца осомничени, од кој едниот британски државјанин со иранско потекло.
Во меѓу време сите осомничени се пуштени на слобода, а истрагата за случајот се уште трае.
Во базата „Ферфорд“ беа стационирани стратешки бомбардери на Военото воздухопловство на САД, кои меѓу друготи учествуваа и во американските напади врз Иран. Набрзо по инцидентот, американските авиони ја напуштија базата и беа преместени во САД.

