Три танкери на нафта во текот на минатиот викенд удриле во поставени поморски мини во водите на Ормуцкиот Теснец, соопшти денеска Корпусот на Иранската револуционерна гарда.
Во придружба на соопштението Иранската револуционерна гарда објави сника од ударот на еден од танкерите во мината, при што тој пламнува како последица на експлозијата,
Според Гардата, ранкерите се движеле по „неовластена рута“ низ Ормуцкиот Теснец.
Иран го блокира Теснецот оневозможвајќи го сообраќајот низ него како средства за притисок за деблокирање на иранските пристаништа од страна на САД и укинување на санкциите кон земјата.
Низ Ормуцкиот Теснец минува извозот на нафта и течен гас од земјите од Персискиот Залив.

