Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук информира дека градежните активности на клучката кај Момин Поток се при крај.
Ѓорѓиевски кој сподели и видео во објавата вели дека веќе е поставен асфалт, а се гради и последниот од петте моста.
Наследивме заглавен проект, а денес сме речиси пред крајот! Веднаш штом ја презедов одговорноста за Скопје, ги завршивме експропријациите што ја кочеа изградбата на клучката „Момин Поток“. Оттогаш работиме со едно темпо и со една цел за скопјани конечно да ја добијат оваа клучна сообраќајна врска. На мостот што го изградивме веќе поставуваме асфалт, а го градиме и последниот од петте моста. Едната коловозна лента е веќе асфалтирана. Следуваат асфалтирањето на другата лента, завршниот слој асфалт и изградбата на уште еден кружен тек, се вели во објавата.

