Во Скопје денеска и утре ќе се одржува фестивал на улична уметност „French Connection“ организиран од Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје и во соработка со Град Скопје и Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“.
Фестивалот е прва иницијатива во рамки на соработката меѓу Францускиот институт во Скопје и Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, воспоставена со вчерашното потпишување на Меморандумот за соработка.
Ова издание има амбиција да прерасне во годишен настан, кој ќе ги поврзува уметниците, публиката и градовите преку современи уметнички форми достапни за сите.

