„Љубовта е…“ е новата песна на три големи имиња на македонската музичка сцена Џина Папас Џокси, Мики Јовановски – Џафер и Дарио Панковски. Песната е снимена по повод 50-годишниот музички јубилеј на Џокси.
Тројца чувари на македонската музика, тројца колеги уметници и тројца големи пријатели со повеќедецениско пријателство. Џина Папас Џокси, Мики Јовановски Џафер и Дарио. Љубовта е…” ја отпеавме по повод 50 годишниот музички јубилеј на нашиот Џокси. ЧЕСТИТКИ!!!, напиша Дарио на Фејсбук каде го сподели видео спотот за песната.

